Tuesday, September 21, 2010

Samoyed

                                     SAMOYED

Кучето Самојед го добило своето име од самоједскиот народ во Сибир.Тие се меки како памук, насмеани и се многу слатки.Живеат од 12 до 16 години. Тие се многу издржливи и ако не трчаат се досадуваат и стануваат депресивни или многу лаат.Просечна тежина кај мажјакот е од 20 до 32.5кг, а кај женките од 17 до 25 кг. Тие се многу интелегентни кучиња со кафеави и поретко сини очи, со бели покриени со крзно уши. Има интересен опаш со тоа што е свиткан нагоре и бело, дебело со два слоја крзно.Тие треба да се чешлаат и долниот дел да му се стрижи бидејќи ќе му биди жешко, а исто така треба и да се капат со минимален напор бидејќи крзното му е дебело и тешко се вади нечистотијата.Густото крзно на самоједите, претставува проблем во летните периоди кога температурите се значително зголемени и тогаш тие не сакаат да излегуваат надвор. Пријателскиот став на самоједите ги прави вистински кучиња-чувари; ретки се агресивните самоједи. Иако имаат тенденција постојано да лаат,особено ако некој им се приближи на нивната територија, тие се претпазливи чувари. Самоједите се одлично друштво, особено за малите деца или пак за други кучиња. Сакаат да си играат дури и кога се повозрасни. Кога им е досадно, сакаат да копаат. Со нивната наследност да влечат санки, самоједите не се противат за влечење на одредени работи, па дури и неиздресираниот самојед нема никакви проблеми доколку неговиот сопственик го води со каиш и оди паралелно со него. Бидејќи овие кучиња ја имаат способноста да влечат, кога си играат со деца, особено ако тие ги придвижуваат, самоједите може да им ги променат правецот. Овој тип на кучиња се карактеризира со внимателен и среќен израз со што го оправдуваат и прекарот „смајл“.

Повеќе информации:http://en.wikipedia.org/wiki/Main_Page