Сибирска хаска е куче со средна големина и густо крзно кое потекнува од
Сибир. Овај тип на раса е препознатлив по дебелото крзно,со исправени триаголни уши и со карактеристицни обележја.Хаските се активни, енергични и издржливи раси, чии предци потекнуваат од сурови и ладнисредини во Сибир. Првично биле донесени во Аљаска како кучиња кои влечат санки за време на златната треска но набрзо нивниот статус преминал во кучиња-миленичиња и шоу-кучиња, па така се распространиле во САД и Канада.
НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД:


Ги има во различни бои и стилови, обично со бели шепи и нозе, со обележја на лице и на врвот на опашката. Најчесто застапени бои се бела и црна, црвенишкави или бели, сиви и бели, чисто бели, или пак шарени.Очите на сибирските хаски се ледено-плави, темно плави,килибар или кафени. Кај некои кучиња, едното око може да биде кафено а другото сино, или пак едното или двете очи може да бидат „делумно обоени“ т.е. пола кафено- пола сино. Крзното на сибирската хаска е подебело за разлика од другите видови на кучиња и е составено од два слоја: Густ долна основа, додека горниот слој им е покриен со кратки,прави влакна. Тоа го штити кучето од суровите арктички зими, но крзното рефлектира топлина и во лето. Може да издржи температура и до −50 °C и −60 °C. Крзното бара внимателно одгледување, бидејќи долгите влакна кај сибирските хаски претставуваат голема негативност.Стандардната големина на мажјаците иснесува помеѓу 53 и 60цм, а тежината од 20 до 27 кг. Женките се помали и нивната големина изнесува од 51 до 56 цм, а тежина од 16 до 23кг.
ОДНЕСУВАЊЕ:


За нив се вели дека тие подобра знаат да завиваат отколку да лаат. Обожаваат да трчаат. Чувствителни се, но и независни. Доволен е петнаесет минутен тренинг за да се одржуваат активни.На сопствениците им се препорачува да бидат особени внимателни кога ги пуштаат своите кучиња на слобода, бидејќи тие пред да трепнат, кучињата веќе се далеку од очи. Мошне лесно може да им стане досадно, па така препорачливо е играње со играчки или топки. Доколку не го добијат соодветниот третман, може да се променат во своето однесување, како на пример да гребат по намештајот или да плачат.Сибирските хаски се многу интелигенти.Хаските се огромни набљудувачи на акциите на луѓето, па често пати ги повторуваат домашните активности како гасење светло и отворање на врати со нивните заби.Со соодветна нега, сибирските хаски можат да живеат од дванаест до петнаесет години.
Повеќе фотогра
фии:
http://www.google.com/images?hl=en&safe=active&biw=1280&bih=909&gbv=2&tbs=isch:1&sa=1&q=SERBIAN+HUSKY&aq=f&aqi=g-s1g1g-sx8&aql=&oq=&gs_rfai=